23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Шефилд јунајтед се врати во Премиер лигата! (Видео)

Екипата на Шефилд јунајтед по две сезони успеа да се врати во Премиер лигата откако вечерва со победата над ВБА со 2-0 и теоретски си го обезбеди пласманот во повисок ранг. Творци на победата со која го потврдија пласманот во Премиер лигата беа Берг и Аџмедхоџиќ.

Од клубот со интересно видео го најавија враќањето во Премиер лигата.

https://twitter.com/SheffieldUnited/status/1651331475843809280?s=20

Шефилд јунајтед сезоната ќе ја заврши на втората позиција и заедно со Барнли веќе се нови премиерлигаши. Третопласиран е Лутон со 7 поени помалку, но до крајот треба да одигра уште два натпревара и теоретски не може да стигне до директен пласман во Премиер лигата и ќе мора пласманот да го бара преку плејофот, каде што место има обезбедено и екипата на Мидлсборо, додека останатите два учесника ќе се бараат помеѓу екипите на Ковентри, Сандерленд, Милвол, Блекбурн, ВБА и Престон.

- Оглас -

Најнови вести