36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шефилд сака да го сруши неславниот рекорд на Манчестер јунајтед од пред 90 години!

Шефилд јунајтед стана само четвртиот клуб во историјата на елитното англиско натпреварување што по 12 одиграни кола нема повеќе од еден освоен бод. Фенерџијата денеска забуби од Саутемптон и остана само со еден бод на своето салдо. Таков лош старт имале само уште Њу Брајтон во сезоната 1931/32 и Њупорт Каунти во сезоната 1970/71.

Најслаб старт во историјата на англискиот елитен фудбал имал Манчестер јунајтед кој во далечната 1930/31 по првите 12 кола немал освоено ниту еден бод. Ако Шефилд продолжи во ист ритам, ќе биде на пат да постави нови неславни рекорди во англискиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести