15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Шефот на Премиер лигата потврди: Нема да има кратење од 20 на 18 клуба!

Извршниот шеф на Премиер лигата, Ричард Мастерс, потврди дека елитната англиска фудбалска лига нема намера да се скрати од 20 на 18 клубови.

Поради згуснатиот календар, има барања да се најдат начини за фудбалерите да имаат повеќе одмор и слободни денови, но тешко оди. Имаше закани и со штрајк поради зголемениот број на натпревари.

Оваа сезона, Премиер лигата ќе почне на 15-ти август, само три недели по финалето на Светското клупско првенство во кое играше Челзи. За играчите кои ќе настапат и на Светското првенство следното лето, сезонава практично ќе трае дури 11 месеци, бидејќи финалето на СП е на 19-ти јули 2026.

Француската Лига 1 го намали бројот на екипи од 20 на 18 во сезоната 2023/2024, но Англичаните не сакаат да го сторат тоа.

„Не верувам дека ќе бидеме присилени да донесеме таква одлука. Јас сум за развој на фудбалот и за учество на наши клубови во возбудливи меѓународни натпреварувања, но не на сметка на домашниот фудбал и лига. Од 1994 година наваму, Премиер лигата постојано е со 20 тима и се играат вкупно 380 мечеви“, изјави Мастерс.

Во Англија ги укинаа реваншите во ФА купот, го забрзаа Лига купот со играње на третото коло во септември, но Премиер лигата не ја чепкаат.

- Оглас -

Најнови вести