Барселона е во налет да комплетира трансфер кој би бил сензационален, а тоа е доведување на Нико Вилијамс на „Камп ноу“. Сè погласни се најавите дека Вилијамс самиот решил дека ако направи трансфер, тоа ќе биде во каталонскиот гигант.
Освен Вилијамс, Барселона сака да го доведе и голманот на Еспањол, Жоан Гарсија. Трансферот на Гарсија треба да биде комплетиран во следните неколку часа, а потоа фокусот да биде само на доведувањето на репрезентативниот играч, Нико Вилијамс.
Околу овие трансфери со став се огласи и првиот човек на Примера дивисион, Хавиер Тебас. Според најавите од Тебес, ќе биде многу тешко Барселона да ги регистрира фудбалерите кои ги купува доколку не се промени нешто во политиката на каталонскиот гигант.
„Дали Барселона има пари да го купи Нико и да го регистрира? Не знам. Ќе видиме. Барселона треба да направи некои работи за да може да регистрира нови играчи. Тие си знаат што треба да направат“, коментираше Тебас.
Првиот човек на шпанското првенство во минатата сезона направи проблем околу регистрацијата на Дани Олмо, но на крајот шпанскиот репрезентативец доби „зелено светло“ да ја доигра сезоната за клубот кој ја освои титулата во Шпанија.