Шефот на ПСЖ збесна: Од Реал не покажуваат никаква почит

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, луто реагираше на последните изјави што ги даде претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Првиот човек на Кралскиот клуб најави дека Реал сигурно ќе го купи Килијан Мбапе, па Леонардо реши да контрира.

„Ова веќе се случува две години. Преодниот рок одамна е затворен и од Реал Мадрид треба да престанат со такви провокации. Мбапе е играч на ПСЖ и ние ќе направиме сè што можеме за да остане така. Од Реал едностано не покажуваат никаква почит кон нашиот клуб“, рече Леонардо.

Најтрофејниот шпански клуб летово се обидуваше да го купи Мбапе, но не успеа. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до крајот на оваа сезона, па ако не се продолжи соработката, францускиот репрезентативец ќе може да си замине, и тоа без пари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести