10.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Шефот на судиите во Италија призна дека исклучувањето на Калулу било грешка

Џанлука Роки кој е шеф на италијанските фудбалски судии, призна дека судијата Федерико Ла Пена погрешил кога му доделил втор жолт, а со тоа и црвен картон на Пјер Калулу од Јувентус во финишот на првото полувреме на синоќешното дерби против Интер.

„Жалиме за инцидентот. Одлуката на Ла Пена јасно е дека беше погрешна, и жалиме што не можеше да се употреби ВАР за преиначување на одлуката“, рече Роки кој додаде дека судијата бил „потресен“ од неговата грешка, а го критикуваше и Бастони, бидејќи постапил неспортски и симулирал.

Овој контроверзен момент предизвика многу реакции и го засени дербито кое му припадна на Интер со 3-2. Калулу само го допре Бастони, а тој се фрли како да бил грубо фаулиран и судијата го исклучи фудбалерот на Јуве.

Инаку, има најава дека на Светското првенство летово ќе има проширување на ингеренциите на ВАР системот и тоа токму во вакви случаи. Според сегашните правила, ВАР може да реагира во спорна ситуација да се поништи само директен црвен картон, а не и втор жолт.

- Оглас -

Најнови вести