Повратникот на фудбалските терени кој одлежи суспензија поради допинг, Пол Погба, во претстојната сезона ќе игра за Монако, а проговори и за можното враќање во националниот тим за Светското првенство во 2026 година.
Погба последен пат играше во септември 2023 година и ќе му треба време за да фати ритам и да ја врати формата.
„Дали ќе играм на Светското првенство во 2026 година? Да, секако. Разговарав со Дидие Дешан по телефон и тој ми рече: „Во ред е, потпиша договор со Монако, можеш да се вратиш кога сакаш“. Не, само се шегувам“, рече Погба.
Потоа Погба продолжи посериозно.
„Секако секој француски играч сонува да игра за репрезентацијата. Но, мора да се помине низ фази. Денес сум во првата фаза, тоа е враќање на теренот. Морам да се снајдам добро во Монако и да го заслужам своето место. Не можеш да влезеш во француската репрезентација без да играш и да се претставиш добро на клупско ниво. Тоа е првата фаза. За потоа ќе видиме. Исто така е можно селекторот да не ме земе дури и ако постигнам 30 гола оваа сезона, тој одлучува. Треба да играм добро и да се забавувам, а француската репрезентација би била сон и бонус за мене“, додаде 32-годишниот фудбалер за врска.