Сеск Фабрегас во зимскиот преоден рок го замени синиот дрес на Челзи во црвено-белиот на Монако, но Шпанецот остана во контакт со поранешните соиграчи од лондонскиот клуб.
Откако разбра дека Дени Дринквотер бил уапсен поради тоа што управувал со возило во аклохолизирана состојба, Фабрегас на социјалната мрежа „Твитер“ се пошегува со Дени на негова сметка.
Тој ја сподели објавата на „Скај спортс“ околу случајот со Дринквотер, па напиша: Danny Drinkwhat? или во предвод: Што пие Дени? Ако се земе предвид дека презимето на Англичанецот во превод значи „пие вода“, Фабрегас на одличен начин успеа да ги насмее неговите фанови, а се чини дека Дени таа вечер пиел сè, само не вода.