Златан Ибрахимовиќ никогаш нема да ја освои Златната топка, иако и на 36 години е во врвна форма. Самиот фудбалер своевремено истакна дека таа награда не му треба за да докаже дека е најдобар, а имаше и свое видување за последното доделување на престижното одличје кое заврши кај Лука Модриќ.
„Кој ја освои Златната топка? Модриќ ја заслужи, но вистинскиот добитник е Флорентино Перес. Тој се трка со Меси кој ќе има повеќе Златни топки“, иронично одговори Златан.
Кристијано Роналдо освои четири од вкупно пет Златни топки како играч на Реал Мадрид, последната е во рацете на Модриќ, исто член на „кралевите“, па токму затоа Златан на овој начин го прокоментира доделувањето. Значи, Перес има пет, исто колку и Лео Меси.