Шеикот од Катар е убеден дека ќе го купи Манчестер јунајтед

Шеикот Јасим бин Хамад ал Тани, кој е брат на емирот од Катар, е оптимист и е убеден дека ќе успее да го купи англискиот гигант Манчестер јунајтед.

Членот на кралското катарско семејство заедно со најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф, се единствените кои останаа во игра за купување на Црвените ѓаволи.

Скај спортс објави дека актуелните сопственици на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, не брзаат со продажбата на клубот и не ги известиле потенцијалните купувачи чија понуда ја преферираат. Тие првично бараа шест милијарди фунти, а подоцна наводно ја зголемиле сумата на осум милијарди.

Последната понуда на шеикот Јасим беше пет милијарди фунти и дополнителни две милијарди за реновирање на „Олд трафорд“, за отплата на долговите и за купување нови фудбалери.

Но, шеикот е убеден дека тој ќе биде победник на трката за купување на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести