Шеикот одби да се поздрави со женските судии на Светското клупско првенство (Видео)

Шеикот Јоан бин Хамад Ал Тани кој е член на катарското кралско семејство, се најде во центарот на вниманието поради еден негов потег кој се случи после финалето на Светското клупско првенство.

Овој шеик се поздрави со сите членови на финалистите Баерн Минхен и Тигрес, се поздрави и со машките судии, но кога дојде редот на женските судии кои истотака делеа правда, тука ништо не се случи и тој се правеше како да не постојат.

Судијките поминаа покрај него, и тие не му пружија рака, но некои медиуми објавија дека пред церемонијата, им биле дадени инструкции да не му пружат рака за поздрав. Според верувањето, исламот не дозволува мажи да имаат физички контакт со жени кои не се членови на потесното семејство.

- Оглас -

Најнови вести