Шеикот за титулата на Граѓаните во ЛШ потроши 2,4 милијарди евра

Манчестер сити вчера го совлада Интер со 1:0 и конечно стана европски шампион. Со победата во Истанбул, конечно се оствари желбата на сопственикот Мансур бин Зајед ал Нахјан.

За тоа колку му беше важно неговиот тим да триумфира во ЛШ, најдобро покажува податокот дека шеикот Мансур по пауза од 13 години, за првпат во живо следеше натпревар на Манчестер сити.

Иако откако е сопственик на Сити, клубот остварува милионски профити, шеикот потроши повеќе од две милијарди евра за купување на фудбалери.

Според специјализираната интернет страница за фудбалски трансфери, Трансфермаркт, од 2008 година кога го купи Манчестер сити, шеикот Мансур бин Зајред ал Нахјан, потроши вкупно 2,4 милијарди евра, додека од продажбата на играчи се заработени 855 милиони евра.

Во изминатите 15 години, Манчестер Сити се етаблира како еден од најголемите фудбалски клубови на светот, освојувајќи седум титули во Премиер лигата, три ГА купови и шест Лига купови, а вчера конечно го освои и трофејот во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести