Шеиците од ПСЖ ќе го купат еден од најголемите клубови во светот и сами на себе ќе си го продадат Мбапе?!

Веќе долго време се шпекулира дека Килијан Мбапе ќе си замине од ПСЖ и ќе премине во Реал Мадрид. Сепак, во последните неколку месеци шпекулациите се намалија, а Кралскиот клуб се сврте кон Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

И покрај тоа, Мбапе налето може да ја промени клупската средина, и тоа на иницијатива токму на ПСЖ. Имено, катарските шеици се подготвуваат да го купат Манчестер јунајтед бидејќи сметаат дека со ПСЖ не можат да ги исполнат сите зацртани цели. Веднаш по купувањето, првата задача ќе биде да го убеди Килијан Мбапе да се пресели од Франција во Англија, а тоа би значело дека ќе го продадат фудбалерот сами на себе.

- Оглас -

Најнови вести