Шеиците наеднаш ги платија сите долгови за да регистрираат играчи – Роналдо е магичен, дупло ја испразни касата на Ал-Наср

Раководството на Ал-Наср експресно ги исплати сите долгови што ги имаше клубот и поради кои беше блокиран за трансфери во ФИФА, а причината е јасна и се знае, тоа е доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Португалецот дупло ја празни касата на 9-кратниот првак на Саудиска Арабија, откако потпиша енормно висок договор вреден 200 милиони евра за две и пол години, а сега поради него беа платени и сите долгови на Ал-Наср за да може да се регистрираат нови играчи, меѓу нив и ЦР-7.

Роналдо вчера беше и официјално промовиран на спектакуларен начин пред околу 30 илјади симпатизери на Ал-Наср, а се очекува да дебитира на 21. јануари на дуел со Дарко Велковски и негиот сегашен клуб Ал-Итифак.

 

- Оглас -

Најнови вести