ПСЖ во сензационален обид да го ангажира Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, на кого му истекува договорот со Кралевите по крајот на актуелната сезона. Од почетокот на 2021 година, Рамос ќе може да преговара со други клубови доколку Реал не му го продолжи договорот, па затоа Светците со „бланко чек“ ќе атакуваат на неговиот потпис.
Рамос сам да каже колкава сума ќе го задоволи за да го облече дресот на францускиот првак. За претседателот Насер Ел Келаифи, парите не се проблем, па затоа ПСЖ е подготвен да оди „ол ин“ за да ги добие услугите на моментално најдобриот централен дефанзивец во фудбалот.
И покрај тоа што Рамос има 34 години, секојдневно докажува дека и натаму има квалитет, но и физичка моќ да настапува на највисоко ниво и не планира во скоро време да се повлече од големата сцена.
Во меѓувреме агентот на Рамос е во преговори околу продолжување на соработката со Реал Мадрид. Наводно, неговите услови се тригодишен договор со 12 милиони евра плата по сезона, додека клубот засега се држи до својот став продолжувањето на договорот да биде на пократок период.