Шеиците од Катар и Саудиска Арабија ќе ги здружат силите за да го купат Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Ливерпул наскоро треба да добие нови сопственици, и тоа од Катар и Саудиска Арабија, кои ќе ги здружат силите за да купат еден од најголемите и најтрофејните европски клубови.

Сопствениците на Ливерпул, „Фенвеј спортс груп“ (ФСГ), кренаа раце од Црвените, кои одлучија да ги продадат по 12 години. Тие го купија Ливерпул за 300 милиони фунти, а сега бараат околу 3,2 милијарди и оваа сума се подготвени да ја платат инвестициски фондови од Блискиот Исток.

Имено, инвестициски фондови од Катар и од Саудиска Арабија, кои се под контрола на владетелите на овие две земји, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, одлучија да ги здружат силите и да креираат нов заеднички инвестициски фонд со кој потоа ќе го купат Ливерпул за 3,2 милијарди фунти.

- Оглас -

Најнови вести