Шеиците се заканија по загубената титула во ЛШ, Сити ќе троши како никогаш досега

Претседателот на Манчестер сити, Калдон Ал-Мубарак, се закани дека клубот ќе троши средства за нови играчи како никогаш досега откако тимот на Пеп Гвардиола во сезоната која е зад нив успеа да ја покори Европа по поразот од Челзи во финалето од Лигата на шампионите.

Откако Гвардиола е менаџер, потрошени се стотици милиони евра токму за да се докажат како најдобри на Стариот Континен. Граѓаните имаат фантастична трофејна низа во Англија, меѓутоа европскиот пехар е она што го посакува управата на новиот англиски шампион.

„Секако дека не сме задоволни само со титула во Премиер лигата, целта е да ја освоиме и Лигата на шампионите. Ова е добар момент да се пренесе порака дека нема да седиме мирни, туку ќе работиме со полна пареа да го засилиме тимот на неколку клучни позиции“, посочи Ал-Мубарак за англиските медиуми.

Гвардиола најпрво ќе мора да најде адекватна замена за Серхио Агуеро, а на врвот на листата со желби му е Хари Кејн. Џек Грилиш е вториот англиски фудбалер кој е исто така цел на Сити, а со трансфер на „Етихад“ се поврзува и суперталентираниот бек на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш. Во меѓувреме, Сити ќе се ослободува од неколку свои играчи, наводно на излезна врата е Рахим Стерлинг.

- Оглас -

Најнови вести