Шеиците секогаш биле моќни, кувајтскиот беше ВАР систем пред 40 години во еден од најконтроверзните моменти на Мундијалите (Видео)

Еден од најконтроверзните моменти на Светските првенства се случи точно пред 40 години на Мундијалот во Шпанија, а во фокусот беше кувајтскиот шеик, кој направи скандал и се закани дека ќе ја повлече репрезентацијата ако голот на Алан Жирес за 4:1 за Франција на дуелот со Кувајт биде признат.

Триколорите беа надмоќни и лесно славеа со 4:1 против Кувајт, но и тогаш пред 40 години се покажа колку се моќни шеиците од арапскиот свет.

Фахад ал Ахмед, кој тогаш беше и претседател на Кувајтската фудбалска федерација, незадоволен од одлуката на судијата да го признае голот на Жирес им нареди на играчите да го напуштат теренот.

По долго убедување, главниот судија на мечот, Мирослав Ступар, донесе одлука голот на Жирес да биде поништен.

Украинецот, кој тогаш судеше како преставник на СССР, го убедуваше помошниот судија да потврди дека имало офсајд, соочен со заканата на кувајтскиот шеик дека неговата репрезентација нема да го доигра мечот.

Ова е еден од најконтроверзните моменти во историјата на светските првенства, а сепак Франција до крајот на мечот постигна уште еден гол и победи со 4:1.

Стрелци за Триколорите беа Женжини, Платини, Сикс и Босис, а почесниот гол за Кувајт го даде Балуши.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести