Шеј Гилџес-Александер уште еднаш потврди зошто го доби приматот за МВП на сезоната во НБА-лигата и блесна во вториот меч од финалната серија на Западната конференција. Гилџес-Александер беше незадржлив и постигна 38 поени, а имаше и осум асистенции и три украдени топки предводејќи ја Оклахома до победа од 118:103 против Минесота. Ова е петти меч по ред на кој Гилџес-Александер постигнува 30+ поени.
Оклахома уште на стартот одлично започна и поведе со 23:15 во првата четвртина. Минесота се обиде да возврати и прв-пат имаше водство од 37:36, но тоа беше и најголемата предност која гостите ја имаа на овој натпревар. До полувремето, Оклахома стигна до осум позитива (58:50), а целосниот отпор на гостите беше скршен во третата четвртина, која беше 70:64 за Оклахома, а потоа домаќините со одлична игра стигнаа до 82:65. До крајот на третата четвртина, водството стигна и до 22 поени (93:71) и сите дилеми околу победникот беа решени.
Освен Гилџес-Александер, одлични во победничкиот тим беа и Вилијамс со 26 поени и 10 скока, како и Холмгрен, кој додаде 22 поени. Кај Минесота најпрецизен беше Едвардс со 32 поени.
Сега серијата се сели во Минесота.