Легендарниот центар Шекил О’Нил смета дека ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, има добри шанси трета година по ред да го добие МВП признанието за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.
Јокиќ во последната победа на неговиот тим од 122:109 над ЛА лејкерс дојде до 87-миот трипл-дабл во кариерата и води во трката за МВП признанието.
Единствен кошаркар кој три години по ред бил прогласен за МВП е Лери Бирд (1984-1986).
„Како што се поставени правилата во НБА, Јокиќ има големи шанси за МВП наградата. Денвер има најдобар скор. Слушајте, тој е фантастичен, тој е еден од тројцата најдобри кошаркари и е вистинска дефиниција за висок кошаркар. Ја сакам неговата игра, ништо не форсира кога е на теренот“, изјави О’Нил.
Легендарниот Шек е импресиониран што се прави Јокиќ за својот тим.
„Слушајте, Џокер игра како класичен центар, а исто така може да игра и како модерен центар, да се извече од постот и да шутира тројки. Тој е совршен асистент, секогаш гледа да ги пронајде соиграчите, да ги држи вклучени во игра. Без сомнежи, постои шанса да ја освои третата МВП награда по ред“, додаде Шекил О’Нил.