Шекил: Имам сè, но слободните фрлања ми докажаа дека никој не е совршен

Славниот Шекил О`Нил своевремено беше доминантен под кошевите и важи за еден од најдобрите и најсилни центри кои некогаш се појавиле, но она што го мачеше во текот на целата богата кариера беа слободните фрлања. Реализацијата од оваа позиција му беше катастрофална. Процентот му беше низок, кариерата ја заврши со 52 отсто успешност на пеналите.

Според самиот Шек, кој на почетокот на кариерата кршеше табли, па мораа да се прават зглобни обрачи, кои сега ги има секаде низ светот каде што се игра кошарка и кршењето табли е реткост, смета дека неговата лоша реализација на слободните е потсетник од Господ дека никој не е совршен.

„Имам прекрасна жена, големо семејство, многу пријатели. Исто така имам и доста пари, имам ‘ферари’, шампионски прстени, куќа на море, полицаец сум, актер, добро пеам, згоден сум. Сепак, моите проценти од линијата за слободни се потсетник од Бога дека никој не е совршен“, рече Шекил кој освои четири титули во НБА.

- Оглас -

Најнови вести