Шекил О’Нил го купува Наполи?

Шекил О’Нил е еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, ретко кој можеше да му парира според силата, а денес е еден од најдуховитите стручни коментатори, односно НБА аналитичари.

Интересна вест доаѓа од Италија, дека Шекил О’нил ќе биде еден од сопствениците на Наполи.

Италијанско-американскиот бизнисмен Мет Ричета купи 66% од акциите на Наполи, а во новата структура на клубот улога ќе има и Шекил О’Нил. Поранешната ѕвезда на НБА лигата ја обожува Италија и има желба да биде дел од европската кошарка, па нема да изненади ако Наполи многу брзо го гледаме на самиот врв на италијанската кошарка.

Наполи сезонава е еден од најслабите тимови во лигата, со биланс од девет победи и 20 порази во моментот.

- Оглас -

Најнови вести