Обединетите Арапски Емирати денеска за првпат во историјата ќе бидат домаќини на две екипи од НБА-лигата. Како дел од претсезонските мечеви во најсилната кошаркарска лига во светот, во Абу Даби денеска ќе играат Атланта хоукс и Милвоки бакс. Освен овој меч, овие два тима ќе играат уште еднаш и тој дуел е закажан за 8 октомври.
Официјален амбасадор на овие НБА-мечеви е легендарниот Шекил О’Нил, кој вели дека ова е историски момент.
„Ова е историски момент затоа што НБА кошарката првпат игра на Блискиот Исток. Мислам дека ова е голема добивка за навивачите. Кошарката е глобален спорт и иако уште не ја достигна планетарната популарност на фудбалот или американскиот фудбал (НФЛ), во НБА има играчи за кои зборуваат во целиот свет“, вели О’Нил.