Кога Лука Дончиќ игра одлично, Далас речиси сигурно победува, па така беше и утрово. Словенецот постигна 33 поени во победата над Јута, а веднаш по мечот, Лука беше вклучен директно во емисија во која беше легендарниот Шекил О’Нил.
Еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата постојано потенцира дека е воодушевен од играта на Дончиќ, а овојпат побара од Лука да го научи како на словенечки јазик се вика „добро завршена работа“.
„Зело добро, Зело добро“, му одговори Дончиќ, а потоа Словенецот низ шега на Шекил му порача „Подоцна ќе те научам и некои пцовки“.