Шекил: Раѓа е најдобриот бел центар против кого сум играл

Еден од најдобрите кошаркарски центри на сите времиња, Шекил О‘Нил, упати голема пофалба за легендата на хрватската кошарка, Дино Раѓа. Шек беше запрашан против кого од белците му било најтешко да игра, а тој го спомна Раѓа.

„Има многу незгодни белци со кои сум играл, а во НБА најтешко ми беше против еден играч од Бостон, се викаше Дино Раѓа“, рече Шекил.

Раѓа играше за Селтикс од 1993 до 1997 година, имаше просек од 15 поени и скока по меч, но се мачеше со повреди. Тој објави аудиоснимка од изјавата на Шекил и призна дека ова му е една од најдрагите пофалби кои ги добил во животот.

- Оглас -

Најнови вести