Шекил сака да си купи НБА-тим (Видео)

Легендарниот центар Шекил О’Нил сака да стане сопственик на НБА-тим во блиска иднина.

Негова голема желба беше ако Лас Вегас добие дозвола од НБА да создаде тим, Шекил да биде сопственик, но сега вели дека не му важно на кој тим би бил газда.

„Би сакал тоа да го направам, да станам сопственик на НБА-тим. Без разлика кој тим е на располагање“, изјави Шекил О’Нил.

 

Тој не планира со инвестициите да застане само во НБА, туку размислува да вложи пари и во Формула 1.

„И тоа би сакал да го направам, да инвестирам во Формула 1 иако не можам да седнам во ниту еден од тие проклети болиди“, вели О’Нил.

Шекил О’Нил во минатото беше малцински сопственик на акциите во Сакраменто кингс, но пред неколку години ги продаде.

Челниците на НБА планираат да ја прошират лигата од 30 на 32 екипи, а меѓу главните фаворити да добијат нов тим се градовите Лас Вегас и Сиетл, како и Мексико сити.

- Оглас -

Најнови вести