Легендарниот центар Шекил О’Нил го нарече бекот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, идиот јавно во емисија на телевизијата ТНТ. Шекил зборуваше за контроверзните објави на Ирвинг, кој на социјалните мрежи неодамна промовираше книга и филм кои поттикнуваат антисемитизам, односно нетрпеливост, омраза и предрасуди кон Евреите.
За работите да бидат полоши, Ирвинг не се извини за својот потег и дури изјави дека стои зад тоа што го објавил на својот профил на „Твитер“. Сега реагираше и Шекил О’Нил, кој јавно го нарече Ирвинг идиот.
„Ме навредува тоа што мораме да седиме тука и да разговараме за работи кои нè разделуваат. Ме нервира што мораме да одговараме за нешто што го направил идиот“, рече О’Нил.
"It hurts me sometimes when we have to sit up here to talk about stuff that divides the game. That we gotta answer for what this idiot has done."
Shaq on Kyrie Irving
(via @NBAonTNT)pic.twitter.com/FAENmuSRgG
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) November 1, 2022
Ова е последен од скандалозните истапи во јавноста на Ирвинг, тој во минатото зборуваше дека земјата е рамна плоча, а е голем противник на вакцинацијата против корона-вирусот.
Ирвинг минатата сезона пропушти голем дел од мечевите бидејќи одбиваше да се вакцинира, па дури и заговараше бојкот на сезоната.
Медиумите и поголем дел од кошаркарите тогаш го обвинија Ирвинг дека е лицемер со барањето да се бојкотира сезоната бидејќи тој е еден од најдоброплатените кошаркари во НБА, додека голем дел од играчите играа за минималец.