Шели Марсијано е топ-модел и вистинска секс-бомба, а на „Твитер“ објави дека е пресреќна што нејзината љубов, голманот Омар Марсијано вечерва брани за Израел против Македонија.
„Горда сум што мојата љубов брани вечерва за Израел против Македонија. Заслужено, бидејќи напорно работеше“, напиша професионалниот модел.
Шели е една од најатрактивните манекенки, а моментно го следи сопругот, кој брани за Хибернијан и работи во Шкотска.
Марсијано вечерва за првпат брани за Израел по две и пол години пауза и беше еден од најдобрите на теренот.