Шериф Тираспол направи изненадување и ја елиминираше Црвена ѕвезда во третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони. Молдавскиот првак на свој терен победи со 1:0 и тоа беше доволно ако се знае дека пред една недела во Белград одиграа нерешено 1:1.
Ѕвезда беше фаворит во овој двомеч, но Шериф покажа дека има квалитет да изненади. Голот кој беше вреден пласман во плејофот за пласман во ЛШ на Шериф, го постигна Арболеда во судиското надополнување од првото полувреме. Статистички Ѕвезда делуваше подобро, гостите изведоа дури 11 корнери, но залудно, кога не успеаа да го матираат домашниот голман.
Во следното коло Шериф ќе го очекува подобриот од дуелот Легија Варшава – Динамо Загреб. Многумина се надеваа дека по повеќе од 30 години повторно ќе има дуел меѓу Црвена ѕвезда и Динамо Загреб, но српскиот првак не успеа да го елиминира Шериф, па Црвено-белите од Белград ќе продолжат во плејоф фазата од Лигата на Европа.
Во следнат афаза ќе игра и Ференцварош, иако вечерва загуби на гости кај Славија Прага со 1:0, доволно им беше победата од првата средба на свој терен со 2:0.