Португалскиот тим Брага на пенали го елиминира Шериф Тираспол од Лигата на Европа. Во првите три серии од пенал-рулетот, гостите не погодија ниту еднаш, но по четири шутнати пенали на двете страни, победникот уште не беше познат бидејќи и Португалците утнаа во третиот и четвртиот обид.
Брага во регуларните 90 минути победи со 2-0, а со истиот резултат загуби на првиот меч во Молдавија.
Бобан Николов влезе во игра на почетокот на второто полувреме и играше до крај, а доби и жолт картон.