Новото засилување на Манчестер сити, Рајан Шерки, е желен да го „уништи“ градскиот ривал Манчестер јунајтед како одмазда за елиминацијата на Олимпик Лион од Лигата на Европа од страна на Црвените ѓаволи.
Французинот со Лион претрпе драматичен пораз во четвртфиналето во април, губејќи меч на кој водеа со 4-2 во продолженијата на „Олд Трафорд“.
„Не ми се допадна кога Манчестер јунајтед го елиминираше Лион, бидејќи сум и навивач на Лион. Едвај го чекам мечот против нив да ги уништам. Во Сити дојдов за да ги добијам сите натпревари“, вели 21-годишниот Шерки.
Интересно е дека и Јунајтед претходно покажа интерес за Шерки, но тој на крајот потпиша петгодишен договор со тимот на менаџерот Пеп Гвардиола.
Тој може да игра како крилен напаѓач, но претпочита улога на класичен „број 10“, а во Сити се смета за еден од можните наследници на Кевин Де Бројне, кој си замина во Наполи.