Манчестер јунајтед успеа да го совлада Кристал Палас на домашен терен со 2-1, откако со пресврт славеше нов триумф. Максенс Лакроа во четвртата минута погоди за водство на Кристал Палас, но на почетокот на вториот дел токму стрелецот беше исклучен.
Бруно Фернандеш израмни од пенал во 57-та минута, а пресвртот го донесе Бењамин Шешко во 65-тата минута. По овој триумф, Ѓаволите сега се наоѓаат на третата позиција на табелата, со идентичен број бодови (51), како и Астон Вила.
Двата останати натпревари завршија со идентичен резултат, Брајтон го победи Нотингам Форест, а Фулам беше подобар од Тотенхем.

