Новото засилување на Манчестер јунајтед, високиот словенечки напаѓач Бенјамин Шешко, не го криеше своето восхитување од својот фудбалски идол, легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
„Уште од дете, тој ми е пример за углед. Ги гледав сите негови снимки што успеав да ги најдам на YouTube бидејќи тој е едноставно неверојатен. Иако имаме различни карактери, сакам да го гледам како игра и како ужива во фудбалот. Кога ја сакаш играта, сè се средува и мислам дека тоа е најважното нешто. Тоа е веројатно една од причините зошто толку многу ми се допаѓа. Би било одлично еден ден да го запознаам. Тој е мојот идол и, секако, се обидувам да учам од него“, рече Шешко.
Освен кон Ибрахимовиќ кој во минатото две сезони беше во Манчестер, Шешко изрази восхит и за други фудбалски великани.
„Освен него, ми се допаѓаат и Робин Ван Перси, Вејн Руни, сите овие одлични играчи. Секако, ги гледав нивните видеа можете само да им се восхитувате“, додаде новиот напаѓач на Црвените ѓаволи.