-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Шешко после три месеци даде гол(ови), а Манчестер јунајтед пак не победи

Последните два вечерашни дуели од англиската Премиер лига беа вистинско уживање за неутралните љубители на фудбалот.

Њукасл го совлада Лидс со 4-3, а Барнли и Манчестер јунајтед 2-2.

На „Сент Џејмс парк“, Лидс трипати водеше, а Чавките трипати изедначуваа, на крај и победија. Њукасл од пенал во 93-та минута изедначи на 3-3, имаше десет минути судиско продолжение кои се продолжија и на 15, а седмиот гол за голема домашна радост падна во 102-рата минута.

Барнли кој е претпоследен на табелата, даде два гола и избегна пораз против Манчестер јунајтед на кого не му оди и по смената на менаџерот Рубен Аморим. Словенецот Бенјамин Шешко потсети дека знае да дава голови, постигна два гола, негови први погодоци од 4-ти октомври наваму. Но, попусто кога тимот не успеа да освои планирани три бода.

- Оглас -

Најнови вести