Шест братски парови ја имаат освоено Лигата на шампионите, знаете ли кои се?

Родителите на Тео и Лукас Ернандес може да бидат горди на своите деца бидејќи тие се успешни во фудбалските кариери и со своите клубови имаат освоено Лига на шампиони. Семејството Ернандес стана шестото во историјата на ЛШ со двајца освојувачот на пехарот.

Тео, кој сега игра за Милан, во 2018 година освои ЛШ со Реал Мадрид. Брат му Лукас синоќа како член на Баерн Минхен успеа да го освои ушлестиот трофеј. Тие се еден од четирите братски парови кои освоиле ЛШ со два различни клуба.

Некогашниот бразилски репрезентативец Мазињо Алкантара, кој во 1994 година стана светски првак, на клупски план немаше големи успеси. Затоа неговите два сина, Тијаго и Рафиња, се успешни. Тијаго освои со Барселона во 2011 и со Баерн годинава, а Рафиња во 2015 со Барса.

Аргентинските браќа Милито исто така може да се пофалат дека освоиле ЛШ. Тие три години играа заедно во Сарагоса, но подоцна заминаа и направија успеси. Габриел во 2009 година со Барселона ги освои ЛШ и сите други пехари за кои се бореа, а следната година брат му Диего во дресот на Интер даде два гола во финалето против Баерн и беше јунак во тројната круна.

Данското презиме Лаудруп е во меморијата на фудбалските фанови благодарение на Михаел и Брајан. Михаел освои ЛШ во 1992 како играч на Барселона, додека Брајан освои ЛШ со Милан во 1994 година.

На оваа листа се и Франк и Роналд де Бур, кои играа заедно во Ајакс и Барселона, па имаа среќа да стана европски прваци со ист клуб. Тоа им појде од рака во 1995 со Ајакс.

Титула во ЛШ како соиграчи освоија и англиските браќа Невил. Гери и Фил Невил беа членови на Манчестер јунајтед кога Црвените ѓаволи во 1999 година на супер драматичен начин се закитија со европската титула.

 

- Оглас -

Најнови вести