Шестмина фудбалери ќе си заминат од Манчестер јунајтед, помеѓу нив е и најскапиот дефанзивец во историјата

Манчестер јунајтед летово ќе се ослободи од шестмина фудбалери, на кои тренерот Ерик тен Хаг не смета за следната сезона. Најзвучното име секако дека е Хари Мегваер, кој во моментов е најскапиот дефанзивец во историјата бидејќи на „Олд Трафорд“ пристигна од Лестер за 87 милиони евра.

Позајмицата му завршува на Вергхост и тој нема да остане во Јунајтед и ќе се врати во Барнли, а интерес за него покажуваат Евертон и неколку шпански екипи. Ван ден Бек нема никаква минутажа и сака да си оди, а Хендерсон, кој е позајмен во Нотингам форест, и во иднина ќе остане да настапува за овој клуб.

Бејли и Телес се фудбалери на кои Тен Хаг не смета откако ќе им завршат позајмиците во Марсеј, односно Севиља.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести