Во Реал Мадрид неколку фудбалери не се согласуваат со методите на Чаби Алонсо. За тоа со денови пишуваат медиумите во Шпанија. Ситуацијата во соблекувалната моментно е сложена, што јасно се гледа и на терен – играчите не вршат пресинг како претходно и не делуваат поврзано со тренерот, објави „Коп“.
„Незадоволни играчи? Винисиус, Валверде, Родриго, Брахим Дијас, Ендрик, Менди… Задоволни? Хаусен, Карерас, Куртоа, Ѓулер и Мбапе“, беше објавено во емисијата El Partidazo de COPE. Нагласено е дека незадоволните се многу повеќе од задоволните, но не ги открија сите имиња бидејќи некои, како што тврдат, „се некаде помеѓу“.
Чаби Алонсо и неговиот стручен штаб мора некако да ја обединат соблекувалната пред претстојните натпревари. Ако продолжат нови киксови, голема е шансата клубот на крајот да посегне по тренерска смена.
Во Реал тоа не го посакуваат и Чаби Алонсо сè уште им е прв избор, но во тој клуб најважно е да се победува и никој не сака да се повтори минатата сезона. Ако нема поврзаност и натпреварувачки дух, нема смисла да се продолжи со губење бодови уште на стартот од сезоната.
Чаби Алонсо и неговиот тим и понатаму веруваат дека можат да ја свртат сезоната во своја корист. Точно е дека некои клучни играчи се вон форма, но Реал сѐ уште е прв во Ла Лига и меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите. Сè уште има време да се спаси сезоната и да се бори за сите трофеи.

