35.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Шест меча сигурици за вечерва на кои нема каде да се „падне“!

Среда секогаш бил ден кој носел многу интересни мечеви. Вечерва се играат дуели во четири од петте најсилни лиги во Европа, а неколку фаворити треба да имаат лесна задача за да ги освојат трите бода.

Борусија Дортмунд мора да го брка четвртото место во Бундеслигата и затоа победа над Унион Берлин е императив. Минатата сезона Милионерите дома со 5:0 го победија овој ривал, па и вечерва се очекува лесна победа.

Јувентус во Италија е во слична ситуација како Борусија Дортунд. Старата дама не смее да киксне дома ако сака да остане меѓу Топ 4 во Серија А. Парма е тим кој речиси сигурно ќе испадне, па „кецот“ е повеќе од сигурен.

Тотенхем без Жозе Мурињо треба да покаже нова свежина во играта, а Саутхемптон е противник како по мерка за три бода на лондонскиот тим.

По киксот во минатото коло и само еден освоен бод против Хетафе, Реал Мадрид сега мора да брка три бода. Кадис е сигурен на средината на табелата и нема голем императив. Кралевите се во трка за титулата и кикс кај ривал како Кадис ќе биде катастрофа за нив.

Интер на гости кај Специја треба рутински да одработи три нови бода. Повеќе од сигурно е дека Нераѕурите нема да сакаат да киксираат против ривали од долниот дел од табелата затоа што повеќе од една деценија чекаат да се израдуваат на Скудетото во Серија А.

Манчестер сити по подолго време повторно е само на едноцифрена предност пред Манчестер јунајтед, па на гостувањето во Бирмингам се очекуваат нови три бода. Астон вила загубил на последните шест меча од Сити и вечерва се очекува ист епилог.

1603 Борусија Д. – Унион Берлин     1       1.70

3006 Јувентус – Парма                       1        1.25

1002 Тотенхем – Саутхемптон           1       1.87

1306 Кадис – Реал Мадрид                2       1.42

3007 Специја – Интер                          2        1.35

1003 Астон вила – Манчестер с.       2        1.42

——————————————————————————–

Вкупен коефициент:                                 10.81

 

- Оглас -

Најнови вести