Шест месеци за шест милиони евра ќар – Штутгарт му го продаде турскиот фудбалски бисер на Милан

Германскиот клуб Штутгарт ќари шест милиони евра за само шест месеци, откако веќе се договори со Милан да му го продаде турскито фудбалски бисер Озан Кабак.

Штутгарт во јануари годинава плати 11 милиони евра за 19-годишниот турски фудбалер, кој пристигна во Германија од редовите на Галатасарај, а сега му го продаде за 17 милиони евра на Милан. Два милиони евра од вкупната сума ќе биде ставена во клаузулите за бонуси.

Кабан е еден од најголемите таленти на турскиот фудбал, веќе се договори со росонерите да потпише петгодишен договор, со кој ќе заработува по 1.6 милиони евра годишно.

 

- Оглас -

Најнови вести