Шест „наместени“ меча во српската Суперлига!?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) упатила допис до Српската федерација во кој се вели дека постои сомнение за два наместени натпревари во фудбалската Суперлига одиграни минатиот месец.  Дневниот весник „Данас“ во текст најавува дека се работи дури за шест сомнителни меча во последните пет кола.

Овие сомнежи за наместени мечеви се по направените големи уплати во обложувалниците во Европа и Азија, а шпекулациите се дека се местело дури и на точен резултат. Екипите играле по системот „три за три“, односно да се освојат три бода, а потоа да се дадат три бода на следниот меч.

„Точно е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска за можни нерегуларности кои посочуваат на тоа дека дошло до нарушување на интегритетот на дел од натпреварите. Процесот пред надлежните органи на ФСС е во тек. Моментно не можеме да откриеме повеќе детали. Јавноста за брзо време ќе биде известена за сè“, соопшти портпаролот на ФСС, Милан Вуковиќ.

- Оглас -

Најнови вести