Шест настапи, десет гола – тоа е Ибрахимовиќ, Милан повторно прв!

Златан Ибрахимовиќ со два атрактивни гола (еден со глава од прилично далеку и еден со шут со колено) му донесе победа на Милан од 3-1 на гостувањето кај Наполи и ги однесе Росонерите до првото место на табелата во Серија А. Ибра е прв играч кој од Втората светска војна наваму, во Серија А има 10 гола по првите осум кола, но тој е убедливо најстариот кој направил ваков подвиг.

Покрај тоа, Швеѓанецот не играше на два меча. На шесте настапи, Ибра четирипати дава по два гола, а двапати реализираше по еден.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дури во 90-тата минута доби шанса вечерва да заигра за Наполи. По влегувањето на Елмас, Милан даде уште еден гол за конечни 3-1.

Ова е вториот гол на Златан, а првиот можете да го видите тука:

https://twitter.com/i/status/1330618145455951875

 

- Оглас -

Најнови вести