Два македонски клуба со шестмина борци постигнаа голем успех на престижниот ГФЦ 11 турнир во Врање, Србија. Македонските ММА борци запишаа исто толку триумфи, а што е уште познајчајно, сите беа остварени уште во првата рунда со завршница.
Нинџицу од Битола беше претставен со петмина ММА борци, додека ММА Протектор со еден.
Ова е само уште еден показател дека Македонија има храбри, дисциплинирани и подготвени ММА борци кои чекорат кон европскиот пат.
Резултати ГФЦ 11:
Полупрофесионални
70 кг Кирил Стефановски – Лазар Љубиќ – победа со ТКО Р1
77 кг Ѓорги Таневски – Давид Врачевиќ – победа со завршница (гушење одзади) Р1
70 кг Трајче Мицевски – Андреј Маневски – победа со ТКО Р1
73 кг Дарио Настовски – Алекса Сич – победа со завршница
Профеисонални
66 кг Игор Додевски – Војо Катановиќ победа со завршница (гушење одзади) Р1
77 кг Филип Бозиновски – Јован Кандиќ – победа со ТКО Р1