Баерн Минхен ја продолжи победничката серија, со триумф од 3:1 против Хофенхајм во премиерниот меч од пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата.
Баварците сега имаат шест победи во низа, а вечерва славеа со двата гола на Леон Горецка и еден на Роберт Левандовски.
Интересно е што вечерва заврши долгата серија на Хофенхајм од шест едноподруго нерешени дуели во Бундеслигата.
Домаќините се обидоа да стасаат до уште едно седмо реми по ред, Нико Шулц намали на 1:2, но немаа сили да освојат барем еден бод.