Никола Јокиќ го направи својот шести трипл-дабл во деветтиот натпревар во НБА оваа сезона, за 32 минути игра придонесе со 32 поени и по 14 скока и асистенции во победата на Денвер нагетс над Индијана пејсерс од 117-100.
Српскиот центар ги предводеше Нагетс до серија од четири домашни победи по ред, иако Денвер ги немаше стандардните Џамал Мареј и Арон Гордон. Единствено негативно за Јокиќ беше што имаше осум загубени топки што му е негативен сезонски рекорд. За Индијана ова беше осми пораз во последните девет натпревари.
ДеАрон Фокс на својот прв меч за Сан Антонио даде 24 поени и покажа дека со него Спарси се уште посилни, а со 126-119 го добија дуелот со најслабиот тим на Западот, Њу Орлеанс. Виктор Вембањама имаше по 18 поени и скокови.
ЛА Лејкерс беше надигран со 102-122 на гостувањето кај Атланта, што за Езерџиите беше прекината серијата од пет победи по ред.
Интересно беше во Мајами каде Хит даде 26 поени во последните 8,12 минути и победи против Портланд со 136-134 во најефикасниот меч синоќа.

