Шестиот најдобар стрелец во историјата на Канада стана џелат – Го здроби противникот со бодичек, па го згази со копачка на глава (Видео)

Репрезентативецот на Канада, Лукас Кавалини не се прослави на мечот од МЛС лигата меѓу Ванкувер и Нешвил и само 7 минути откако влезе во игра за домашниот тим беше исклучен.

Кавалини најпрво со бодичек го фаулираше Алекс Муил, а потоа кога противникот се обиде да стане го згазна со копачка на глава.

Двата груби старта во иста акција на Кавалини можете да ги погледнете ОВДЕ.

Нешвил победи со 3:0 на гости, а Кавалини влезе во игра во 56. минута и беше исклучен во 63. минута.

Тој е репрезентативец на Канада со вкупно 32 настапи и има постигнато 17 гола, со што го дели шесттото место на вечната листа со најдобри стрелци на националниот состав.

Се очекува Кавалини да биде во составот на Канаѓаните за Мундијалот во Катар што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести