32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

„Шестка“ за Шкотска, Вајналдум сам ја урна Белорусија

Холандија го запиша петтиот триумф во квалификациите за ЕП 2020 откако ја совлада Белорусија среде Минск со минимални 2-1. Лалињата ги предводеше расположениот Џини Вајналдум, фудбалерот на Ливерпул беше двоен стрелец за својата селекција и практично сам ги донесе новите бодови.

Холандија со овој триумф се зацврсти на челната позиција во групата Ц со 15 бода, три повеќе од Германија, додека Белорусија е претпоследна со четири бода по седум меча.

Шкотска го „почасти“ Сан Марино со шест гола (6-0) во нивната мрежа и воедно ја прекина серијата од четири последователни порази. Мекгин со својот хет-трик уште во првото полувреме ја осигура победата за шкотската селекција, а голеадата продолжи и во вторите 45 минути преку Шанкланд, Финдли и Армстронг.

Русија со убедливи 5-0 се враќа од гостувањето кај Кипар продолжувајќи ја победничката низа на седум меча. Черишев и Оздоев во првиот дел ја израдуваа Зборнаја, Ѕуба на десетина минути пред крајот зголеми на 3-0, додека Головин и Черишев во финишот од мечот стрелаа за високите 5-0. Русија е втората селекција покрај Белгија, која од групата И обезбеди пласман на Европското првенство за следната година.

Со погодокот на Корхут во 10-тата минута, Унгарија славеше минимално против Азербејџан за подвиг до второто место во групата Е. Унгарците сега имаа 12 бода, еден помалку од Хрватска, а два повеќе од Словачка, додека Азербејџан и натаму е без победа по шест одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести