Шесткратниот светски првак повторно беше под нож, ќе го пропушти стартот на новата сезона

Марк Маркес, шесткратниот светски првак во Мото ГП, вчера навечер беше на трета операција на десното рамо кое го повреди уште на 19 јули, на првата трка од завршената сезона.

Операцијата траеше до осум часа, во која на Маркес му додаваа нови плочки во рамото, а рехабилитацијата ќе трае речиси половина година.

Тоа значи дека возачот на Хонда ќе го пропушти стартот на новата сезона во кралската класа, кој е закажан за 28 март 2021 година и нема да вози во првите неколку трки.

https://twitter.com/MotoGP/status/1334623044095127554

- Оглас -

Најнови вести