Шестмина од вкупно 14 заразени настапиле во поразот од Наполи?

Џенова на Горан Пандев пред околу два часа потврди 14 позитивни случаи на ковид-19 во своите редови, од кои 11-мина се фудбалери. Од Италија се шират шпекулации дека дури шестмина од заразените играчи настапиле во поразот од Наполи, па шансите се големи вирусот да биде присутен и во редовите на тимот за којшто игра Елиф Елмас.

Засега не се познати имињата на фудбалерите кои се сместени во самоизолација, има шанси и македонските репрезентативци да се меѓу заразените со оглед на тоа дека поминаа извесно време на теренот.

Секако, се надеваме дека Пандев и Елмас се потполно здрави и избегнале контакт со корона-вирусот, инаку нивно евентуално отсуство ќе значи огромен хендикеп за Македонија за претстојниот важен меч против Косово во плејофот од Лигата на нациите.

Во меѓувреме, дуелот на Џенова против Торино во следното коло многу веројатно ќе се одложи, додека пак во исчекување се вести од Наполи дали дербито против Јувентус е под закана да биде преместено во некој нареден термин.

- Оглас -

Најнови вести