Шестмина стартери кои беа дел од историската победа сега ќе ги нема на теренот

Македонската фудбалска репрезентација денеска гостува во Тбилиси против Грузија, во меч од Лигата на нациите, кој може да биде решавачки околу дилемата кој ќе биде прв на крајот и ќе се бори преку баражите да се најде на завршницата на Европското првенство во 2024 година.

Македонија токму во Тбилиси ја забележа највредната победа, и тоа пред помалку од две години, кога со 1:0 славеше и се пласира на Европското првенство 2020. Иако нема ни две години од таа средба, Македонија вечерва ќе биде со драстично изменет состав од тој историски дуел.

Од оние коишто беа стартери пред две години, сега воопшто ги нема Пандев (пензионираше), Адеми и Ристовски (повредени), како и Несторовски и Николов, кои не се поикани. Во составот ќе го немаше ниту Бејтулаи, но тој доби дополнителен повик за националниот тим по откажувањата на Ристовски и Етеми. Бејтулаи не се очекува да биде стартет како во ноември 2020 година, што значи дека дури шестмина кои го започнаа мечот за пласман на ЕП, вечерва ќе ги нема на теренот.

Од тие што играа пред две години, тука се: голманот Димитриевски, Муслиу, Велковски, Алиоски и Елмас.

Селектор Милевски неколку пати најавува дека ова е тим кој сега се создава за да блесне во квалификациите за ЕП 2024 година, па затоа има и многу промени, а останува да видиме како неговите избраници ќе се снајдат на теренот, на чии трибини се очекува да има над 55.000 грузиски навивачи.

Можните состави за денешниот меч погледнете ги Тука.

- Оглас -

Најнови вести