Шева го објави списокот на Украина за ЕП, место немаше за голманот на Реал Мадрид (Фото)

Андриј Шевченко го објави конечниот список со 26-те репрезентативци што ќе патуваат за Букурешт и Амстердам и ќе конкурираат за место во почетните постави за дуелите со Холандија, Македонија и Австрија во првата фаза во Ц групата на Европското првенство.

Има доста познати имиња и светски фудбалски ѕвезди од калибарот на Јармоленко, голманот Пјатов, потоа Зинченко, Малиновски, големиот талент Циганков, Јаремчук…

Интересно е што при последниот филтер испаднаа петмина играчи, а меѓу нив е и голманот Андриј Лунин, кој сè уште официјално е член на Реал Мадрид.

Со Украина ќе го играме вториот меч на Европското првенство, на 17 јуни во Букурешт од 15 часот.

Еве го комплетниот список што го објави селекторот на Украина, Андриј Шевченко:

 

- Оглас -

Најнови вести